Македонија Египет

Македонија загуби на првиот пријателски натпревар против Египет

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Египет во првиот пријателски натпревар со резултат 32-25. Натпреварот се одигра во Каиро, Египет.

Македонија натпреварот го започна со многу технички грешки, и многу промашувања и тоа лошо ја чинеше нашата селекција. На полувремето селекцијата на Египет имаше водство од два гола разлика. Потоа второт полувреме почна изедначено на двете страни. Но селекцијата на Македонија попушти за на крајот од натпреварот селекцијата на Египет да извојува победа од седум голови разлика.

Најефикасен во селекцијата на Македонија беше Филип Талески со шест погодоци, додека Никола Митревски имаше 11 одбрани на нашиот гол.

🇲🇰Македонија 25-32 Египет🇪🇬

(фото-Ракометна Федерација на Египет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести