Наум Бабачев е нов селектор во ракомет на плажа

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) назначи нов селектор за репрезентацијата на ракомет на плажа во машка конкуренција.

За селектор на машката сениорска репрезентација во ракомет на плажа е назначен тренерот Наум Бабачев, кој е асистент тренер на екипата на Охрид.

“За селектор на македонската репрезентација во ракомет на плажа е назначен г-дин Наум Бабачев. На селекторот Наум Бабачев, стручниот штаб и репрезентативците им посакуваме успешни подготовки и многу успех на претстојните натпревари”, – објавија од Ракометната Федерација на Македонија.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *