Екипата на Мец е шампион во Лигата на шампионите во женска конкуренција, откако во финалето славеше против Ѓер со конечни 31-29.
Во натпреварот за третото место, односно за бронзата, составот на ЦСМ Букурешт триумфираше против Брест Бретањ со резултат 32-25.
Во првото полуфинале Мец славеше победа против ЦСМ Букурешт со 32-27, додека во второто полуфинале Ѓер беше подобар од Брест Бретањ со 31-30.

(фото – ЕХФ)📷








