Македонија ги дозна противниците за Светското првенство во 2027 година

Денес во Минхен беше одржана ждрепката за групната фаза на Светското првенство 2027, кое ќе се одржи во Германија.

Македонската сениорска машка репрезентација ќе настапи во Групата Х, а за противници ќе ги има селекциите на: Исланд, Бахреин и Јапонија.

Натпреварите од групата Х ќе се играат во градот Магдебург, кој ќе биде домаќин на оваа група во рамки на прелиминарната фаза од шампионатот.

Светското првенство во машка конкуренција ќе се одржи од 13 до 31 јануари 2027 година Германија.

(фото – ИХФ)📷







Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *