Екипата на Спартак, која има високи амбиции и ќе атакува на повисок пласман во новата сезона во Женската Супер лига се засили со нова ракометарка.
Станува збор за ракометарката Нина Неделковска, која потпиша договор со тимот на Спартак за новата сезона.
Ракометарката Нина Неделковска настапува на позицијата среден бек и таа доаѓа од редовите на Вардар.

(фото – ЖРК Спартак)📷








