Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет го освои турнирот во Гостивар, откако славеше против Јехона во финалето со конечни 23-20.
Во натпреварот за третото место, односно за бронзата составот на Кале Пантери од Кичево триумфираше против Деспина со 11-10.
Во првото полуфинале Јехона беше подобра од Кале Пантери со резултат 25-16, додека Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа против Деспина со 27-19 во второто полуфинале.

(фото – ЖРК Јехона)📷








