Овче Поле Славјански Универзитет се засили со Натали Маџовска и Андонела Ангелковиќ

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет, која и во следната сезона ќе игра во Женската Прва лига се засили со две нови ракометарки.

Станува збор за ракометарките Натали Маџвоска и Андонела Ангелковиќ кои ќе го носат дресот на Овче Поле Славјански Универзитет.

Ракометарката Натали Маџовска игра на позицијата лев бек и доаѓа од Вардар, додека Андонела Ангелковиќ игра на позицијата десно крило и доаѓа од пионерската екипа на Спартак.

(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *