МРК Куманово

Куманово ја совлада екипата на Астраион

Ракометарите на Куманово триумфираа против Астраион на домашен терен во Првата лига со конечни 25-15.

Екипата на Куманово од почетокот на првото полувреме го превзеде водството, за на полувреме кумановци заминат со осум гола разлика. Потоа второто полувреме беше само формалност за Куманово да слави победа од десет гола разлика против Астраион.

Најефикасен во составот на Куманово беше Иван Димитров со пет голови, додека кај Астраион најефикасен беше Иванче Ончев со девет голови.

МРК Куманово 25-15 Рк Астраион

(фото-МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.