Екипата на Бутел Скопје, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата задржа нов ракометар во своите редови.
Левиот бек Теодор Тодески ја продолжи соработката со тимот на Бутел Скопје за уште две сезони.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија потпиша нов договор и ќе остане во клубот најмалку до летото во 2028 година.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷








