Машката кадетска репрезентација на Македонија го имаше првиот собир за подготовките за Европското првенство 2026 година за кадети.
Подготовките ќе се реализираат од 6 до 8 јули во Скопје, по што репрезентацијата на 8 јули ќе замине на подготовки во Австрија, каде ќе престојува до 15 јули. Потоа, кадетите се враќаат во Скопје.
Во рамките на подготовките, нашите кадети ќе одиграат и два пријателски натпревари против репрезентацијата на Грција.

(фото – РФМ)📷








