По петти пат по ред во Ресен ќе биде организиран ревијалниот натпревар под мотото „Преспа за Зоки, Були и Котле” за легендите на ракометот од Ресен – Зоран Стојановски, Булент Ибрахим и Илче Котевски.
Настанот ќе се одржи на ден 16.07.2026 (четврток) со почеток во 19:00 часот во спортската сала “Зоран Стојановски”, во Ресен.
Во дресот на Преспа ќе има познати имиња од ракометната фела на кој Преспа му е матичен клуб.
Двојниот европски првак Владо Недановски, интернационалните Влатко Тасевски, Никола Стојчевски, актуелните репрезентативци Мартин Карапалевски, Ален Ќосевски, Дејан Кукуловски, Горан Крстевски, Ласко Андоновски, Мики Ѓоргиевски и многу други.
(фото – ГРК Преспа 2025)📷








