Ракометарите на Вардар Неготино славеа на гостувањето во Ресен кај екипата на Преспа во натпревар од Првата лига со конечни 29-18.
Уште на самиот старт ракометарите на Вардар Неготино водеа се до полувремето. Вториот дел беше само формалност за екипата на Вардар Неготино да запише нова победа и нови три бода во Првата лига.
Најдобар стрелец во екипата на Вардар Неготино беше Ѓорѓи Ташев со осум погодоци, додека кај екипата на Преспа најдобар стрелец беше Николче Даскаловски со пет погодоци.
Рк Преспа 2015 18-29 Рк Вардар Неготино
(фото-Рк Вардар Неготино)