Ракометниот Клуб Феникс од Радовиш започнува ново поглавје во своето функционирање, откако воспостави соработка со Општина Конче и официјално ќе ја отвори својата ракометна школа во оваа општина.
По средбата со градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов и претседателот на клубот Феникс, Игор Соколов беше договорена соработката преку која младите од оваа општина ќе добијат можност да тренираат ракомет и да ги развиваат своите спортски таленти.
Официјалниот старт на тренинзите на ракометната школа е планиран со почетокот на новата учебна година, а активностите ќе се реализираат во спортската сала при Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ во Општина Конче.


(фото – Спортска Мрежа)📷








