Алем Хаџиќ повеќе не е ракометар на Еурофарм Пелистер

Босанскиот ракометар Алем Хаџиќ повеќе не е дел од семејството Еурофарм Пелистер, откако двете страни се договорија за предвремен спогодбен прекин на соработката.

Младиот централен бек помина три години во Битола, оставајќи значаен белег во младинските категории, а повремено настапуваше и за првиот тим.

Хаџиќ пристигна во Еурофарм Пелистер во август 2023 година како 16-годишен талент од босанскиот клуб Коњух.

Тој беше лидер на младинскиот тим на Еурофарм Пелистер кој обезбеди историски пласман на „фајнал-фор“ турнирот во младинската Лига на шампиони, во која беше најдобар стрелец.

На само 17 години, тој дебитираше и се запиша во листата на стрелците за првиот тим на Еурофарм Пелистер во сениорската Лига на шампиони. Ги освои сите три титули првак на Македонија од 2023 до 2025 година.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *