Екипата на Овче Поле, која има високи амбиции за следната сезона во Првата лига се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Филип Петровски, кој настапува на позицијата бек и во новата сезона ќе го носи дресот на Овче Поле.
“Веруваме дека неговиот квалитет, борбеност и победнички менталитет ќе бидат големо засилување за нашиот тим и ќе придонесат во остварувањето на клупските цели во новата сезона”, – објавија од ГРК Овче 1958.

(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷








