Ракометарите на Еурофарм Пелистер со работен состанок ги започнаа подготовките за сезоната 2026/2027.
Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона.
Екипата денес ќе има заедничка вечера за почеток на сезоната, а во текот на првите два дена ќе бидат реализирани и медицинските тестови.
Тимот на Еурофарм Пелистер се засили со: Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе.
Од клубот си заминаа ракометарите: Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Домен Тајник и Дејан Манасков.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷













