Пеце Трајкоски тренер на клубот Маркови Кули

Општина Прилеп доби нов клуб во женска конкуренција под името “Маркови Кули”, кој ќе вложува во младите категории.

За тренер на тимот Маркови Кули е назначен Пеце Трајкоски поранешен ракометар од Прилеп.

Екипата на Маркови Кули во новата сезона ќе се натпреварува во кадетската лига во женска конкуренција.

Тренерот Пеце Трајкоски како играч има настапувано за екипите на Тутунски Комбинат Бренд, Весна од Велес, ВИП 2007 од Прилеп, Златен Даб од Прилеп и Рк Прилеп, а за национален тим има играно за кадетска репрезентација во 2004 година.

(фото – ЖРК Маркови Кули)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *