Клубот Илинден, кој во новата сезона ќе се натпреварува во Првата лига започна со формирање на ростерот и стручниот штаб.
За нов тренер на Илинден е назначен Дарко Јанев поранешен ракометар и младински репрезентативец на Македонија.
Тренерот Дарко Јанев претходно беше дел од Илинден Вардар, кој ги водеше младинските категории, а како асистент тренер беше и во Бутел Скопје.
Дарко Јанев беше и асистент на сениорската женска репрезентација на Македонија и селектор на младинската репрезентација на Македонија.

(фото – Рк Илинден)📷








