Рк Струга

Струга со победа се враќа од гостувањето кај Скопје 2020

Ракометарите на Струга триумфираа на гостувањето кај екипата на Скопје 2020 во 10. коло од Суперлигата, со резултат 32-29.

Во првото полувреме екипата на Скопје 2020 го имаа водството, но Струга ја контролираше играта до крајот на првото полувреме, за да замине со три гола разлика на полувремето. Во второто полувреме следеше нова серија на Струга, и до крајот на второто полувреме екипата на Струга ја запечати победата на гостувањето во Скопје.

Најефикасен во составот на Струга беше Бобан Блажески со седум погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Александар Василевски со осум погодоци.

Рк Скопје 2020 29-32 Рк Струга

(фото-Рк Струга)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести