ГРК Охрид

Охрид како на тренинг, со убедлива разлика до нови три бода против Прилеп

Ракометарите на Охрид убедливо го декласираа Прилеп во натпревар од 10. коло од Суперлигата, со конечни 33-21.

Прилеп на почетокот имаше водство од два гола разлика, но во продолжение екипата на Охрид имаше контрола и го превзеде водството, за на полувремето домашната екипата да замине со четири гола разлика 14-10. Во второто полувреме разликата растеше се повеќе и повеќе, но гостинската екипата неможеше никако да возврати и мораше да се задоволи со пораз.

Најефикасен во екипата на Охрид беше Стефан Додиќ со шест погодоци, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Александар Тренчевски со пет погодоци.

ГРК Охрид 33-21 Рк Прилеп

(фото-ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.