Екипата на Вардар Неготино, која има високи амбиции за новата сезона во Првата лига ќе има нов тренер.
Станува збор за тренерот Аце Станковски, кој ќе го предводи тимот на Вардар Неготино во новата сезона.
Аце Станковски се враќа во Вардар Неготино, откако го предводеше тимот во сезоната 2021/2022.
Станковски претходно работеше во екипата на Куманово, каде ги водеше младинските категории, а и сениорскиот тим.

(фото – 24Ракомет)📷








