Од 12 до 15 август, на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“, Струга повторно ќе биде центар на македонскиот ракомет.
Годинава ќе се одржи 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“ – „Вангел Баљукоски – Баљук“, еден од најстарите и најпрепознатливите спортски настани во Македонија.
Главен покровител на турнирот е Министерството за спорт, а организацијата е на Рк Струга, со поддршка од Ракометната федерација на Македонија.

(фото – Меѓународен ракометен турнир Струга)📷








