Ракометарите на Илинден го означија стартот на подготовките за новата сезона и предизвикот што ги очекува со настапот во Првата лига.
Тренерското дуо Јанев – Пецаковски го собра младиот и перспективен состав, кој со голем мотив и желба за докажување влегува во подготвителниот период.
“Пред нашите црвено-жолти момци претстои период на напорна работа и квалитетни подготовки, кои ќе се одвиваат на Спортскиот комплекс „Драго Маневски“ во Илинден”, – објавија од Рк Илинден на социјалните мрежи.
(фото – Рк Илинден)📷











