По успешниот настап на Европското првенство 2026 година и освоеното 9. место, денес машката кадетска репрезентација на Македонија беше пречекана во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.
Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, им честиташе на ракометарите и стручниот штаб за постигнатиот резултат, борбеноста и залагањето во текот на целиот шампионат, посакувајќи им многу успех во понатамошниот развој и во следните репрезентативни предизвици.
Оваа генерација го заврши Европското првенство на 9. место, а воедно обезбеди и пласман на Светското првенство за кадети во 2027 година.
(фото – РФМ)📷











