Иван Најдовски е ново засилување на Илинден

Екипата на Илинден, која во новата сезона ќе настапува во Првата лига се засили со нов ракометар.

Станува збор за ракометарот Иван Најдовски. Иван настапува на позицијата лево крило, а својата ракометна приказна ја започнува уште на 6-годишна возраст во школите на Металург и Рисови.

Во 2022 година го освојува третото место во пионерска конкуренција, по што го продолжува својот ракометен развој во младинската школа на Вардар.

Во 2025 година преминува во суперлигашот Куманово, каде ја минува последната полусезона и стекнува дополнително искуство.

(фото – Рк Илинден)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *