Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува со подготовките и одигрување на пријателски натпревари до почеток на сезоната во Супер лигата.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа победа против екипата на Словењ Градец со конечни 22-21 на пријателски натпревар.
Еурофарм Пелистер со три победи во три меча ги комплетира подготовките за новата сезона во Словенија, откако претходно славеше победа против Крка и репрезентацијата на Катар.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








