Еурофарм Пелистер 2

Еурофарм Пелистер 2 се пласира во осминафиналето во Купот на Македонија, откако го совлада Металург Ра

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 триумфира против екипата на Металург РА во Купот на Македонија и се пласира во осминафиналето со убедливи 38-18.

Тренерот Александар Јовиќ им даде шанса на помладите и добро ја искористија укажаната шанса. Еурофарм Пелистер 2 добро го започна натпреварот кога на полувремето имаше водство од 20-5. Потоа второто полувреме беше формалност за домашната екипата да триумфира против составот на Металург РА и се пласира во осминафиналето.

Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер 2 беше Ненад Белистојаноски со пет погодоци, додека кај екипата на Металург РА најефикасен беше Џулијано Христоски со седум погодоци.

Рк Еурофарм Пелистер 2 38-18 Рк Металург РА

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести