Во Охрид денеска се одржа официјалната прес-конференција пред почетокот на петтото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“.
Пред медиумите се обратија претставници на Охрид, Вардар, Олимпијакос, Војводина, Загреб и младинската репрезентација на Египет У20, кои ги најавија своите очекувања пред стартот на турнирот.
Од денеска до 22 август, во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе настапат осум екипи, а љубителите на ракометот ги очекуваат пет дена исполнети со силни натпревари.

(фото – Меѓународен ракометен турнир “Крсте Андоновски”)📷








