Екипата на Драчево Јуниор, која има високи амбиции за новата сезона во Првата лига се засили со четири нови ракометари.
Станува збор за ракометарите Томче Пецаковски, Теодор Пецановски, Филип Николовски и Томислав Стаменков.
Ракометарот Томче Пецаковски доаѓа од Еурофарм Пелистер 2, додека Теодор Пецановски, Филип Николовски и Томислав Стаменков доаѓаат од редовите на Мулти Есенс.

(фото – Рк Драчево Јуниор)📷








