Супер Купот меѓу шампиониот Вардар и финалистот во Купот на Македонија, Охрид ќе се одигра на 2 септември.
Во среда, на 2 септември, во спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија, силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Охрид.
Двете екипи ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона, во натпревар кој е закажан со почеток од 19:00 часот.
Тимот на Вардар е шампион во Супер лигата и Купот на Македонија, додека Охрид играше во финалето во Купот и ќе добија шанса да се бори за трофеј во Супер Купот.

(фото – РФМ)📷








