Екипата на Илинден, која има високи амбиции за Првата лига во новата сезона се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Никола Ангеловски, кој во новата сезона ќе го носи дресот на Илинден.
Никола Ангеловски настапува на голманската позиција и своите први ракометни чекори ги прави на седумгодишна возраст во ракометната академија на Металург, каде ги минува младинските категории и бележи значајни успеси.
Во сезоната 2018/2019 со својата екипа го освојува првото место во пионерската лига, а во сезоната 2020/2021 станува кадетски шампион на Македонија.

(фото – Рк Илинден)📷








