Ракометната федерација на Македонија ги делегираше судиите и делегатите за Супер Куп натпреварот меѓу екипите на Вардар и Охрид.
Судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе го судат финалето од Супер Купот, додека делегати ќе бидат Бобан Мајнов и Марјан Начевски.
Натпреварот меѓу екипите на Охрид и Вардар ќе се одигра на 2 април со почеток од 19:00 часот во Гевгелија.
(фото – Архива)📷








