Ракометарите на Јуниор Кисела Вода се пласираа во следната фаза во Купот, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Куманово со конечни 32-29.
Куманово во текот на првото полувреме беше во водство, но домашната екипа го превзеде водството и на полувреме замина со 17-13. Во второто полувреме Јуниор Кисела Вода имаше мини серија и го зголеми водството, составот на Куманово се обидуваше да се врати, но не успеваше за на крај да се задоволи со пораз.
Најефикасен во составот на Јуниор Кисела Вода беше Горан Печенковски со десет погодоци, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Виктор Петковски со осум погодоци.
Рк Јуниор Кисела Вода 32-29 МРК Куманово
(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)📷