Екипите на Деспина и Пелистер одиграа нерешено со конечни 21-21 во натпревар од Женската Супер лига.
Иако екипата на Деспина водеше со 13-9 на полувреме, сепак во вториот дел не успеа да ја зачува предноста и на крај одигра реми со Пелистер.
Најефикасна во редовите на Деспина беше Мери Гичева со 11 гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Еџе Сејадин со шест гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷








