Спартак го совлада Атлетик во Женската Супер лига

Екипата на Спартак забележа победа против екипата на Атлетик со конечни 36-24 во натпревар од Женската Супер лига.

Составот на Спартак и на полувреме имаше водство од 16-10, па на крај да триумфира со висока разлика против Атлетик.

Најефикасна во редовите на Спартак беше Анастасија Николовска со девет гола, додека кај Атлетик најефикасна беше Сара Богојеска со осум гола.

(фото – ЖРК Спартак)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *