Ракометарите на Тиквеш забележаа победа против ракометарите на Струга со минимални 28-27 во натпревар од Супер лигата.
Иако на полувреме екипата на Струга водеше со 19-15, сепак во второто полувреме беше неизвесно, но на крај Тиквеш успеа да слави победа.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Мохамед Азиз со осум гола, додека кај Струга најефикасен беше Никола Јукиќ со 12 гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








