Екипата на Охрид ја очекува натпревар против екипата на Струга на домашен терен во рамки од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Мартин Карапалевски, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Струга.
“Играме против Струга, нов и добро избалансиран тим со искусни играчи. Ние сме фаворити, но тоа мора да го покажеме на терен. Со максимална концентрација, борбеност и тимска игра верувам дека ќе стигнеме до првата победа сезонава и ќе се радуваме пред нашата публика на домашен терен”, – изјави ракометарот на Охрид, Мартин Карапалевски.

(фото – ГРК Охрид)📷








