Екипата на Гевгелија Југ забележа победа против екипата на Шампион со високи 31-16 во натпревар од Женската Прва лига.
Составот на Гевгелија Југ уште во првото полувреме го имаше водството, па во второто полувреме лесно се справи со тимот на Шампион.
Најефикасна во редовите на Гевгелија Југ беше Јасмина Попова со осум гола, додека кај Шампион најефикасна беше Маријана Буразер со пет гола.
(фото – ЖРК Гевгелија Југ)📷








