Екипата на Струга забележа победа против екипата на Јехона со високи 30-18 во натпревар од Женската Прва лига.
Составот на Струга го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да слави победа против Јехона.
Најефикасни во редовите на Струга беа Леа Пејоска и Маја Ашталкоска со по шест гола, додека кај Јехона најефикасна беше Алтина Хасани со девет гола.
(фото – ЖРК Струга)📷








