Ракометарите на Пролет остварија победа против ракометарите на Шампион со високи 41-20 во Првата лига.
Составот на Пролет победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 20-5.
Најефикасен во редовите на Пролет беше Јован Соколоски со осум гола, додека кај Шампион најефикасен беше Филип Спирковски со шест гола.
(фото – Рк Пролет 62)📷








