Андреа Лекиќ панелист на првиот Женски форум организиран од Ракометната Федерација на Македонија

Ви ги претставуваме панелистките на првиот Женски ракометен форум, а вториот член е Андреа Лекиќ.

Андреа Лекиќ – ракометна визија и лидерство на теренот. Препознатлива по нејзината плејмејкерска способност за разигрување на соиграчките со неверојатна леснотија.

Ракометарка за големи натпревари, за што сведочат бројните одиграни престижни финалиња крунисани со една титула во Лигата на шампиони (Ѓер, 2013 година) и сребрен медал со српската репрезентација на Светско првенство.

Значаен дел од неповторливиот тим на ЖРК Вардар, период од кариерата кој директно ја поврзува со Македонија.

Спортистка со карактер и квалитети кои и ја донесоа титулата: Најдобра ракометарка во светот за 2013 година.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *