Екипите на Радовиш и Драчево Јуниор одиграа нерешено со конечни 33-33 во натпревар од Првата лига.
Иако составот на Драчево Јуниор го имаше водството од 33-32, ракометарот Иванче Ончев од Радовиш погоди за нерешено.
Најефикасен во редовите на Радовиш беше Иванче Ончев со осум гола, додека кај Драчево Јуниор најефикасен беше Виктор Панчевски исто така со осум гола.
(фото – Рк Радовиш)📷








