Ви ги претставуваме панелистките на првиот Женски ракометен форум, а третиот член е Драгана Цвијиќ.
Драгана Цвијиќ е една од најдобрите пикерки на својата генерација. Двократна освојувачка на Лигата на шампионите со Будуќност, во 2012 и 2015 година, и светска вицешампионка со Србија во 2013 година, Цвијиќ речиси две децении беше дел од самиот врв на европскиот женски ракомет. На Светското првенство во 2013 година беше избрана и за најдобар пикер.
Посебна врска има и со македонската публика. Во сезоната 2017/18 го носеше дресот на Вардар и со скопскиот клуб стигна до финалето на Лигата на шампионите.
Денес е помошен тренер на женската сениорска репрезентација на Србија, каде своето огромно искуство од теренот го пренесува на новите генерации.

(фото – РФМ)📷








