Ви ги претставуваме панелистките на првиот Женски ракометен форум, а четвртиот член е Сузана Лазовиќ.
Од олимпискиот подиум до селекторската клупа на Црна Гора, а тоа е селекторката Сузана Лазовиќ.
Како дел од златната генерација на Црна Гора, Лазовиќ во незаборавната 2012 година освои сребрен медал на Олимписките игри во Лондон и злато на Европското првенство, а со Будуќност истата година ја освои и Лигата на шампионите. Европскиот клупски трофеј го подигна уште еднаш, во 2015 година.
Приказната на Сузана Лазовиќ е приказна за нов почеток, лидерство и останување во врвниот ракомет.

(фото – РФМ)📷








