Екипата на Вардар забележа висока победа против екипата на Деспина со конечни 46-24 во натпревар од Женската Супер лига.
Составот на Вардар победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 24-12.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Ивана Трифуноска со девет гола, додека кај Деспина најефикасни беа Маја Ристеска и Мери Гичева со по шест гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷








