Екипата на Ѓорче Петров забележа победа против екипата на Атлетик со високи 32-20 во натпревар од Женската Супер лига.
Иако тимот на Атлетик на полувреме водеше со минимални 13-12, сепак во второто полувреме Ѓорче Петров со добра игра стигна до висока победа.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со девет гола, додека кај Атлетик најефикасни беа Наталија Дишковска и Сара Богојеска со по пет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








