Ракометарите на Радовиш забележаа висока победа против ракометарите на Сокол Саса со убедливи 48-26 во Првата лига.
Тимот на Радовиш победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 25-13.
Најефикасен во редовите на Радовиш беше Васе Петров со седум гола, додека кај Сокол Саса најефикасен беше Мирче Ѓеоргиев со десет гола.
(фото – Рк Радовиш)📷








