Екипата на Еурофарм Пелистер одигра нерешено на гостувањето кај екипата на Вибжеже Гдањск со резултат 31-31 во Лигата на Европа.
Иако составот на Еурофарм Пелистер во последните неколку минути водеше, сепак тимот на Вибжеже Гдањск се врати за на крај двете екипи одиграат нерешено.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше капитенот Филип Кузмановски кој постигна 15 гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








