Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 6. коло од Супер лигата.
Судиската двојка Михајло и Методија Илиевски ќе го судат дербито меѓу екипите на Охрид и Алкалоид, додека делегати ќе бидат Марјан Начевски и Славчо Каланоски.
Натпреварот меѓу екипите на Охрид и Алкалоид ќе се одигра на 10 октомври со почеток од 18:30 часот во салата “Билјанини Извори”, во Охрид.
(фото – Архива)📷








