Екипата на Овче Поле забележа победа против екипата на Сокол Саса со високи 46-28 во натпревар од Првата лига.
Составот на Овче Поле победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 22-13.
Најефикасни во редовите на Овче Поле беа Александар Димитров и Теофил Јанев со по седум гола, додека кај Сокол Саса најефикасен беше Мирче Ѓеоргиев со осум гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷








